Прва Меѓународна конференција за системи за управување со безбедност и здравје при работа
На 8 и 9 февруари 2011 година, во Струга ќе се одржи првата Меѓународна конференција за системи за управување со безбедност и здравје при работа организирана од Државниот инспекторат за труд и Македонското здружение за заштита при работа.
Свое свечено обраќање ќе имаат државниот секретар на Министерство за труд и социјална политика г. Марјанчо Тодоровски, директорот на Државниот инспекторат за труд г. Горан Јовановски како и претседателот на Македонското здружение за заштита при работа г. Милан Поповски
Прва Меѓународна конференција за системи за управување со безбедност и здравје при работа
Државниот инспекторат за труд Ве информира дека на 8 и 9 февруари 2011 година, во Струга, Република Македонија, ќе се одржи првата Меѓународна конференција за системи за управување со безбедност и здравје при работа. Оваа конференција е организирана од страна на Државниот инспекторат за труд и Македонското здружение за заштита при работа.