Државниот испекторат за труд (или популарно познат како
Трудова инспекција) функционира како орган во состав на Министерството за труд и социјална политика и за својата работа директно одговара пред министерот за труд и социјална политика.
Испекторатот за труд делува на територијата на целата држава преку воспоставената мрежа на испектори која брои
71 инспектори за
работни односи, односно
60 инспектори за
работни односи и плус
11 интегрирани инспектори за работни односи и безбедност и здравје при работа како и
38 инспектори за
безбедност и здравје при работа.
Во рамките на државниот испекторат за труд функционираат четири сектори:
- Сектор за испекциски надзор од областа на работните односи
- Сектор за испекциски надзор од областа на безбедност и здравје при работа
- Сектор за нормативна дејност за безбедност и здравје при работа
- Сектор за координација
Сектор за испекциски надзор од областа на работните односи
Тел: 02/ 3 296 320 и 3 116 110
Во секторот за работни односи се вршат испекторски надзори и испекциски работи од областа на работното законодавство. Истотака, секторот е задолжен за вршење испекциски надзор кај работодавците за начинот на примена на законите и другите прописи од областа на работното законодавство, колективните договори и договорите за работа.
Во другите надлежности на секторот за работни односи при Државниот испекторат за труд спаѓаат: следење на примената на одредбите од законот за штрајк, подготовка и донесување на управни акти во постапката при вршење на надзор, подготовка на прекршочни и кривични пријави.
Сектор за испекциски надзор од областа на безбедност и здравје при работа
Тел: 02 3 116 110
Секторот за заштита при работа во Државниот испекторат за труд е задолжен за извршување на работи од областа на заштита при работа, особено за вршење надзор кај работодавците за исполнети ХТП услови, изготвување и поднесување барања за поведување на прекршочна и кривична пријава.
Секторот за заштита при работа ги евидентира пријавените повреди на работа, дава согласност за исполнети услови за заштита при работа, врши увид, односно испекција во деловните простории и објекти каде се обавуваат работни задачи и вршење на увид во документацијата, општите акти и исправи.