- Редовно и ефикасно функционирање на превентивната и репресивната функција на Инспекторатот
- Спречување на субјектите да работат без утврдени мерки, нормативи и стандарди за заштита при работа
- Намалување на бројот на трудовите инвалиди, тешките повреди и смртните случаи
- Да се елиминира ДИВО работење - сите ангажирани кај работодавците да имаат заснован работен однос и да остваруваат права од работни односи согласно законите и колективните договори
- Ефикасно санкционирање на сите прекршители на законите
- Квалитетна заштита на правата на работниците и создавање чувство на сигурност и одговорност
- Доследно спроведување на законите, колективните договори и други прописи над кои инспекцијата врши надзор
- Создавање клима на доверба помеѓу работниците, работодавците и инспекцијата
- Отворање на инспекторатот кон јавноста во функција на квалитетно информирање и анимација на работодавците и работниците
- Ефикасен и квалитетно организиран Инспекторат
- Компетентен, стручен и мотивиран инспектор
- Обезбедени ефикасни комуникации интерни (во рамките на инспекторатот) и екстерни (со институциите, органите и службите од интерес).
Со одлука на Владата, врз основа на член 43 од Законот за безбедност и здравје при работа, се основа Совет за безбедност и здравје при работа како експертско и советодавно тело на Владата на Република Македонија.
Претседател на советот е Горан Јовановски, Јованка Каранџиска – Беслимовска
потпретседател и Милан Петковски –
секретар.
Стратегија за модернизација и квалификација на Државниот инспекторат за труд